📷 СИНОТ НА МИЛОШ БИКОВИЌ ЌЕ ЖИВЕЕ ВО ДОМ КАКО ОД БАЈКИТЕ Еден детаљ е особено важен
Српскиот актер Милош Биковиќ завчера стана татко на момче кое заедно со неговата свршеница Ивана Малиќ му го дадоа името Василије.
Српскиот актер Милош Биковиќ завчера стана татко на момче кое заедно со неговата свршеница Ивана Малиќ му го дадоа името Василије. Како што изјавил актерот, семејството ќе живее на две адреси, во Србија и Москва, но малиот Василије првите неколку месеци ќе ги помине во Белград. Затоа домот на Милош Биковиќ е целосно прилагоден на неговиот наследник.
Иако приватниот живот го држи подалеку од јавноста, не дозволува новинари да влезат во неговиот стан, Милош во една прилика сподели неколку фотографии кои откриваат дел од неговиот дом.
View this post on Instagram
Тогаш имавме можност да видиме со каква топлина зрачи домот на Милош Биковиќ. Како што открива фотографија од семејниот дом, ѕидовите над огништето се украсени со икони, како и портретот на Милош од филмот „Сончаница“, кој му ја отвори вратата на рускиот пазар. Познато е дека братот на Милош е поглавар на еден манастир, па сосема е разбирливо дека иконите заземаат посебно место во домот на актерот.
View this post on Instagram
Како што рече во едно интервју, Милош не планира да ја запостави кариерата во Русија, па со семејството ќе живее на релација Белград- Москва.
Милош и Ивана беа во врска две години, пред да се свршат во ноември минатата година.
ФОТО: Инстаграм