Синот на Меџик Џонсон се шета облечен во сукња и со голо стомаче (ФОТО)

Еј Џонсон вели дека сака да си поигрува со модата затоа што токму таа му дозволува да ја покаже својата машка, но и женска страна од која што не се срами.

1,255

Синот на легентарниотамерикански кошаркар Меџик Џонсон, 28-годишниот Еј Џонсон, бил фотографиран додека шета по улиците на Њујорк облечен во здолниште, во маица со отворено деколте и со голо стомаче.

Ова не е првпат Еј Џонсон да привлече внимание со својот контроверзен стил затоа што често можеме да го видиме како носи фустани и здолништа.






– Се сакам себеси таков каков што сум. Среќен сум и задоволен со себе. Секогаш зборував дека доколку некој се чувствува добро во своето тело, треба нешто да преземе во врска со тоа. Чувствувам дека ова е телото во кое што треба да бидам – изјавил Еј Џонсон во едно интервју.

Тој вели дека сака да си поигрува со модата затоа што токму таа му дозволува да ја покаже својата машка, но и женска страна од која што не се срами.

– Можам да бидам мажествен, но и женствен. Можам да правам што и да посакам и да успеам во тоа. Доколку сакам да носам фустан, тоа и го правам. Но, не сакам да го правам постојано тоа – истакнал тој.

Поврзани содржини