СИНОТ НА МАРИНА ТУЦАКОВИЌ СО ЗАГРИЖУВАЧКА ПОРАКА Мајка ми се задушува!

1,330

Една од најпознатите српски текстописци, Марина Туцаковиќ, вчера беше итно хоспитализирана поради коронавирусот. Нејзиниот син ги сподели тие информации преку социјалната мрежа Твитер.

Една од најпознатите авторки на бројни регионални хитови, Марина Туцаковиќ, се бори со ракот, а нејзиниот син Милан Лаша Радуловиќ на Твитер побара помош.






„Помош! Мајка ми има сериозно задушување. Службата на терен може да дојде само во два часот, што може да биде доцна. Таа не сака да оди кај ковид болните. Дали има некој број од експерти што би можеле да ја слушаат што е можно побрзо? Ние сме во Белград.Пишете ми“, напишал тој.

 

По некое време, тој повторно се јавил и ги известил придружниците дека техничарот е пронајден.

„Ви благодарам до небо на сите“, порача тој.

Синот на Марина редовно ги известува своите придружници за нејзината состојба и објавува нејзини фотографии.

Во меѓувреме, Марина е згрижена во приватна белградска клиника и е приклучена на кислород, а како што велат лекарите – не е животно загрозена и постојат шанси наскоро да закрепне.

Потоа се огласи и нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута, кој е многу загрижен за Марина.

– Марина не може да зборува, не се чувствува добро, не е добро. Ќе се слушнеме друг пат – кратко одговорил за медиумите.

Поврзани содржини