СИНОТ НА МАРИНА ТУЦАКОВИЌ ЈА ОТКРИ ВИСТИНАТА Што е со тетратката на должници?

Наводно, таа имала тетратка во која запишала сѐ - кој која песна ја купил, а кој плаќал на рати, а која сѐ уште не платил.

3,529

По смртта на легендарната текстописка Марина Туцаковиќ, во медиумите осамна вест дека наводно постои тетратка со список на должници, во која ги запишувала нивните имиња. По тој повод сега се огласи нејзиниот син Милан Лаќа Радуловиќ.

„Ред е да се огласам во раните утрински часови. Сѐ што прочитавте деновиве во медиумите, а е во врска со мојата мајка и со мене, не е точно. Како што инаку нѐ наведува човечкиот инстинкт, ние од смртта се браниме со банализација – тетратка за долгови или икебана. Естрада Вендета не ме интересира“, навел Лаќа на Твитер и додал:






„Јас ќе се борам против заборавот, она што е на нашите простори е како казна за сите оние по „кои ништо нема да се вика“. Во превод – памтете ја по нејзините песни “, напишал Лаќа.

 

Да потсетиме, како што пишуваа српските медиуми, кога дознала дека боледува од рак и почнала да се бори за сопствениот живот, Марина наводно се откажала од идејата да ги собере сите долгови, па престанала да ги брка пејачите кои и должат пари за текстовите што таа им ги напишала.

Наводно, таа имала тетратка во која запишала сѐ -кој која песна ја купил, а кој плаќал на рати, а која сѐ уште не платил.

Марина Туцаковиќ почина на 19 септември по долго и тешко боледување, а беше погребана неколку дена подоцна покрај нејзиниот син Милош, што било нејзината последна желба.

Поврзани содржини