СИНОТ НА МАДОНА ПОБЕГНАЛ ОД НЕА Под „лажно“ име продава прескапи слики (ФОТО)

Мадона го доби Роки со режисерот Гај Ричи, со кој водеше долгогодишна борба за старателство.

601

Лурдес Леон, ќерката на пејачката Мадона, често е во центарот на вниманието поради нејзниот изглед и однесување, а многумина забораваат на фактот дека покрај неа пејачката го има и биолошкиот син Роки Ричи, пишува порталот „НајЖена“.

Мадона го доби Роки со режисерот Гај Ричи, со кој водеше долгогодишна борба за старателство.






Сепак, на крајот и самиот Роко изјавил дека сака да живее со татко му во Британија, а не со мајка му во Америка, што на Мадона ѝ падна тешко, а нивниот однос често варираше од добар до лош и обратно.

Роко тогаш изјавил дека повеќе не сака да патува со мајка си на турнеи, туку дека сака да живее на едно место како и повеќето други деца и се преселил кај татко му Гај во Лондон.

Тој одбил да се врати кај мајка си дури и кога судот му наложил да го стори тоа.

Роко Ричи најпрво се испроба во манекенството, но се откажа од таа кариера. Го затвори својот Инстаграм профил и отвори нов каде објави фотографии на кои се облекува во стил на ѕвезди од 50-тите и 60-тите години.

Тој е најуспешен во сликарството, а доказ за тоа е тоа што своите слики ги продава во една галерија, а најевтината чини 24.000 евра.

Своите уметнички дела ги продава под псевдонимот Ред, а критичарите имаат само пофални зборови за неговата работа.

– Ред е млад уметник во подем чија културна позадина е разновидна и неконвенционална. Неговото детство го поминал меѓу Њујорк и Лондон, што му дало еклектична и разновидна уметничка позадина – се наведува на официјалната веб-страница на галеријата.

Во 2020 година, Роко имаше изложба во британскиот главен град, која ја посетија Мадона и Гај Ричи.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини