Синот на Клуни има астма, па поради тоа цело семејство од март не излегло од дома

Клуни рече дека тој и неговата сопруга Амал имале среќа што имаат голема куќа надвор од град.

709

Американскиот актер Џорџ Клуни не го напуштил својот дом од март, бидејќи стравува дека неговиот син кој има астма може да се зарази со коронавирусот.

Клуни рече дека тој и неговата сопруга Амал имале среќа што имаат голема куќа надвор од град.






Двојката ги има тригодишните близнаци Александар и Ела. Момчето има астма и може да има компликации ако се зарази со ковид-19.

– Оваа година беше тешка за сите. Почна лошо и продолжи така до неодамна – изјави актерот во интервју за „Гардијан“.

Сопругата на Клуни, Амал, е адвокат со специјалност заштита на човекови права. Двојката се венча во Венеција во 2014 година, а близнаците ги добија во 2017 година.

Поврзани содржини