📽 СИН НА ГРЧКИ МИЛИЈАРДЕР ЈА МАЛТРЕТИРАЛ ЕВРОВИЗИСКАТА ПЕЈАЧКА НА СЦЕНАТА Снимката ја шокираше јавноста

Првата полуфинална вечер на Евровизија годинава ја отвори претставничката на Кипар, Елени Фуреира, која ја изведе песната „Fuego“ со која заврши на второто место на ова натпреварување во 2018 година.

258

Првата полуфинална вечер на Евровизија годинава ја отвори претставничката на Кипар, Елени Фуреира, која ја изведе песната „Fuego“ со која заврши на второто место на ова натпреварување во 2018 година.

Таа стана многу популарна по настапот на Евровизија, па почна да ги полни клубовите, а настапот кој го одржала пејачката неодамна бил проследен со инцидент.






Имено, Милтијадис Маринакис, син на познатиот грчки олигарх Евангелос Маринакис, ја нападнал Елени во текот на нејзиниот настап. Како што може да се види на видеото кое беше објавено на социјалните мрежи, тој се качил на бината и повеќепати се обидел да ја прегрне и да ја допре додека таа се обидувала да побегне и да држи дистанца.

На крајот ѝ го зел микрофонот и рекол: „Јас ја донесов овде“.

 


По инцидентот, Елени го прекинала настапот и се симнала од сцената.

Богатството на таткото на Милтијадис се проценува на три милијарди долари. Неговата флота содржи повеќе од 100 бродови. Тој е сопственик на грчкиот фудбалски клуб Олимпијакос и на премиерлигашкиот клуб Нотингем Форест. Во негова сопственост е и медиумската куќа која ја критикува грчката влада.

Инаку, Елени е родена во Албанија, а живее во Атина. На Евровизија се обиде да се пробие три пати како претставничка на Грција (во 2010, 2013 и 2017 година), но успеа дури во 2018 година како претставничка на Кипар.

Таа е популарна и на Инстаграм, каде ја следат повеќе од милион луѓе, со кои секојдневно споделува атрактивни фотографии.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eleni Foureira (@foureira)

Поврзани содржини