СИНОТ НА ДЕЈВИД БЕКАМ СЕ ПОСРАМОТИ ЗА СИТЕ ПАРИ Го позајмил скапиот автомобил од татка си, но не знаел како да излезе од него (ФОТО)

Фотографот сигурно добро се забавувал додека го снимал моделот, фотограф и од неодамна готвач Бруклин, додека се бори да излезе од црвениот автомобил во Лос Анџелес.

4,526

Бруклин Бекам (23) на почетокот на оваа недела барем еднаш помислил колку би било одлично да се биде анонимен. Богат анонимец, додуша, но секако не син на глобално познат и исклучително богат татко кој може да му позајми „Мекларен“ вреден 330.000 евра од неговата голема колекција на луксузни автомобили.

Но, треба да знаете и да излезете од „Мекларен 765ЛТ“ на кој се подигнати вратите и кој лежи прилично ниско.






Како што пишува британски „Сан“, автомобилот е во сопственост на Дејвид Бекам (47) и е еден од само 765 произведени во светот.

Фотографот сигурно добро се забавувал додека го снимал моделот, фотограф и од неодамна готвач Бруклин, додека се бори да излезе од црвениот автомобил во Лос Анџелес.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WHOOPSEE (@whoopsee.it)


Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам прво се обидел да се „извитка“ од „Мекларен“ држејќи чаша пијалак и мобилен телефон. Во еден момент се откажал, па ги спуштил работите за да има слободени раце и на крајот успеал да излезе од луксузниот автомобил.

Бруклин очигледно ќе мора да вежба. Тој може да вози и винтиџ „Јагуар“, наводно вреден повеќе од 400.000 евра, кој е реконструиран и сега „работи на струја“ и кој нему и на Никола Пелц, со која се ожени на раскошна прослава во април, им го подари Дејвид Бекам.

 

Поврзани содржини