Синот на Данило Коцевски огорчен на градските власти: Татко ми ја даде душата за Скопје, а не му оддадоа ни чест, ни признание!
Огнен Коцевски, синот на познатиот македонски критичар, раскажувач, романописец, драматург и поет Данило Коцевски, реагира на Фејсбук затоа што никој досега не му оддал почит на неговиот татко или какво било признание за неговиот труд.
„Мојот татко, Данило Коцевски, единствениот врвен хроничар на градот Скопје, скопска легенда, боем, кој напиша толку многу за Скопје, кој го даде срцето и душата на Скопје. Градот Скопје по неговата ненадејна смрт на 13 септември, не најде за згодно да му оддаде никаква чест, признание, ниту награда за делото за кое тој го даде целиот свој живот.“, напиша Огнен Коцевски на Фејсбук.
Данило Коцевски почината минатата година на 73 годишна возраст.