МАТНИТЕ ВРСКИ НА СИНОТ НА БАЈДЕН Спиел со снаата од братот, ѝ рекол да се тестира за ХИВ
Приказната не завршува тука. Синот на Бајден имал тајна врска со неговата снаа од брат година дена откако брат му починал од рак на мозокот. Тоа било во 2016 година. Хантер тогаш уште бил заедно со својата прва сопруга Кетлин, а брзо потоа се развеле.
Нови податоци протекоа од запленетиот лаптоп на синот на американскиот претседател, Хантер Бајден. Освен што се шпекулираше дека Хантер ги финансирал биолабораториите во Украина и дека примал пари од енергетските магнати во Кина, тој во 2018 година ѝ рекол на својата снаа од покојниот брат веднаш да се тестира за ХИВ-вирусот и да му го пушти резултатот по и-мејл, тврди Фокс Њуз, а пренесува РТ.
Во една од пораките до снаата, Хали Бајден, насловена „Треба да се тестираш за ХИВ Хали“, Хантер напишал:
„Треба да ме известиш за резултатот. Денеска. Јас денеска се тестирам. Смртно сум исплашен, а ти ми спушташ (телефон). Љубовта што ми ја даваш ме вознемирува“.
Приказната не завршува тука. Синот на Бајден имал тајна врска со неговата снаа од брат година дена откако брат му починал од рак на мозокот. Тоа било во 2016 година. Хантер тогаш уште бил заедно со својата прва сопруга Кетлин, а брзо потоа се развеле.
Во времето кога тој бара Хали да направи ХИВ тест, тој изнајмувал и куќа со нејзината сестра, Елизабет Секунди, која е поранешна стриптизета. Еден месец подоцна, Елизабет родила дете, а Хантер го негирал татковството сѐ додека тоа подоцна не било докажано преку ДНК-тест.
Многу од деталите за Бајден излегоа на виделина кога податоците од лаптопот што тој го оставил во продавница за поправка во Делавер паднаа во рацете на медиумите во 2020 година. Во последните протектувања, освен за ХИВ тестот, се дозна дека Хантер Бајден, исто така, ја обвинил снаата дека ја насочува ќерка си против него и ја советувал да побара „сериозна долгорочна стручна помош“.
„Те сакам, дури и кога си сурова“, напишал Хантер Бајден, кој во еден момент живеел со Хали и нејзините две деца.
„Тестирај се и кажи ми ги резултатите денес“.
Истиот месец, тој, наводно, ѝ рекол:
„Се надевам дека имаш на кого да му се обратиш во креветот во куќата на брат ми и дека тој чин на љубов го правиш за него или за нив, а не за некој непознат. И немој да се чувствуваш како да си ги изгубила двајцата кумови за кои ти(или некоја друга) би можела само да сонуваш“.
Кога изби скандалот со лаптопот, во ноември 2020 година, Џо Бајден рече дека син му не направил ништо погрешно и дека податоците се руска дезинформација. Подоцна, во септември 2021 година, новинар на Политико, а потоа и Њујорк Тајмс и Вашингтон Пост ја потврдија автентичноста на мејловите. Оттогаш, од Белата куќа ги заобиколуваат прашањата на оваа тема.
Хантер Бајден (52) во интервју во април 2021 година призна дека лаптопот можеби е негов. Тој се ожени со својата втора сопруга, јужноафриканската активистка Мелиса Коен, шест дена откако се запознаа во мај 2019 година. Таа му роди син во март 2020 година.
Федералните обвинители моментално ги истражуваат деловните зделки на Хантер Бајден во странство, вклучително и врските со кинеските енергетски директори, како и неговите даночни пријави.