Синот на Амди Бајрам, Габриел, објави дека е негативен на ковид-19
Неговиот син Габриел Бајрам на социјалните мрежи го објави својот наод од тестот за ковид, на кој може да се види дека резултатот му е негативен.
Пред речиси една недела почина еден од поранешните пратеници во парламентот со најголем стаж од почетокот на плурализмот во нашата држава, Амди Бајрам. На денот кога почина Бајрам во јавноста почна да се шпекулира дека тој починал од коронавирусот и дека покрај него биле заболени уште неколку членови од неговото семјество.
Неговиот син Габриел Бајрам во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи го објави својот наод од тестот за ковид, на кој може да се види дека резултатот му е негативен.
Во медиумите Габриел ги објасни деталите во врска со починувањето на неговиот татко. Тие како семејство не знаеле за корона, бидејќи Бајрам два дена претходно бил тестиран и бил негативен.
Подоцна се утврди дека Бајрам сепак имал корона, а епидемиолозите најавија дека ќе ги бараат неговите контакти.