СИНОТ НА АКИ РАХИМОВСКИ ЈА ПОСЕТИ СПОМЕН КУЌАТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ Дознал и една голема вест (ФОТО)

Кики најпрвин ја посетил спомен куќата на уште еден голем музичар, покојниот Тоше Проески.

4,569

Неколку дена откако го погреба својот сакан татко Аки Рахимовски, Кристијан Рахимовски ја посети неговата родна земја Македонија и токму тука ги дозна информациите кои дополнително го трогнале.

На покана на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и на градоначалникот на Крушево Томе Христоски, тој најпрвин ја посети спомен куќата на уште еден голем музичар, покојниот Тоше Проески.






„Во интимна и многу достоинствена атмосфера, со молитви на гробот на Тоше, заедно се потсетивме на ликот и делата на вистински музички великан од овие простори, а кого уште со години и години ќе го славиме и вечно оплакуваме слушајќи го и пеејќи ги неговите песни“, напишал Кики на социјалните мрежи со објавените фотографии.

 

Покрај тоа, Кики дознал уште една голема вест.

Кики рекол дека посебно го трогнала веста што ја дознал при обиколката на величествениот спомен дом на Тоше, а тоа е дека веќе постои иницијатива во Скопје да се именува улица по името на неговиот татко, Аки Рахимовски.

Инаку, Кики дошол да ја посети својата тешко болна баба, за која неговиот татко Аки толку се грижел до крајот на својот живот.

ФОТО: Фејсбук

Поврзани содржини