СИНОТ НА АКИ ОБЈАВИ ТРОГАТЕЛНО ВИДЕО Тато и јас, само љубов, ништо повеќе (ВИДЕО)
Кики се потсети на својот татко со видео од семејната куќа, коешто го објави на својот профил на Инстаграм.
Помина речиси еден месец од смртта на Аки Рахимовски, а неговиот син Кристијан се потсети на својот татко со видео од семејната куќа, а коешто го објави на својот профил на Инстаграм.
– Сакајте ги и љубете ги вашите родители, без разлика на сѐ“, напишал Кики Рахимовски покрај видео на кое можете да го видите Аки како го гушка и бакнува додека седи до него на масата.
„Тато и јас… само љубов, ништо повеќе“, додал Кики.
View this post on Instagram
Неодамна Кристијан зборуваше и за својот однос со татко му.
– Тато и јас немавме класичен однос татко и син поради концертите. Јас свирев, тој свиреше… Немавме класичен однос за да се слушаме секој ден. Имавме некои несогласувања поради тоа, ми беше многу тешко да сфатам во тоа време, уште додека беш Југославија, како можеш да го видиш татка си на телевизија… Но, кога почнав да се занимавам со музика, и јас почнав да правам грешки како татко ми. Сфаќаш дека тоа не е така лесно – раскажал Кики Рахимовски.
ФОТО: Инстаграм