СИНОТ ГО ФАТИЛ КРСТОТ ЗА ВОДИЦИ, ТАТКОТО ОСВОИЛ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ Среќа во семејството Нешковски од Демир Хисар

798

Семејството Нешковски од Демир Хисар деновиве празнува и се радува. Синот го фати крстот за Водици, а таткото Добре освои Милионер џекпот, вреден 1.433.724 денари.

– Семејството Нешковски силно верува во традицијата. Добре Нешковски е човек со големи соништа и силна верба дека на добрите луѓе им се случуваат убави работи. Годинава му почна со убави вести. Неговиот син на Водици го фати крстот во неговиот град. Овој убав верски настан, како да ја отвори вратата за среќата во нивното семејство. Добре на 20.01.2025 го освои Милионерот на Видеолотарија Касионос Австрија, џекпот добивка вредна 1.433.724 денари. На добивката се радува целото семејство, а ќе ја потрошат за убави работи во нивниот дом – рекоа од Видеолотарија Касионос Австрија.






Милионер џекпот добивката вредна 1.433.724 денари е освоена на видеолотарските терминали кај нивниот деловен соработник „Евротип“.

– Празничната убава и инспиративна приказна на семејството Нешковски од Демир Хисар нѐ израдува сите. Им честитаме за освоената добивка и им посакуваме да ја трошат за убавите работи кои ги посакуваат – додаваат од Видеолотарија Касионос Австрија.

Поврзани содржини