СИНОТ ГИ НАПАДНАЛ РОДИТЕЛИТЕ СО НОЖ Хорор во семејниот дом, полицијата приведе 27-годишен маж од Скопско

Инцидентот се случил во семејниот дом, а полицијата интервенирала по пријава од загрозените родители.

92

27-годишен маж од скопско е приведен откако во семејниот дом физички ги нападнал своите родители и им се заканувал со остар предмет, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил синоќа околу 18:20 часот, кога, според пријавата, осомничениот К.А. ги нападнал родителите, по што упатил сериозни закани по нивниот живот.






По пријавата, полициски службеници од СВР Скопје интервенирале и околу 20:00 часот го лишиле од слобода 27-годишникот, кој бил затекнат во семејниот дом.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се документира и дека по целосно расчистување ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини