Новиот шеф на Твитер најави дека ќе наплаќа по осум долари месечно на корисниците на социјалната мрежа чиј профили се верификувани. Станува збор за оние корисници кои покрај своето име го имаат сино-белиот знак што покажува дека истиот е потврден односно проверен идентитет.
Профили со знак дека се верификувани вообичаено користат јавни личности од висок профил и досега оваа опција беше бесплатна.
„Моќ за луѓето! Сино за 8 долари/месечно“, напиша тој на Твитер, алудирајќи на препознатливата сина ознака на платформата што сигнализира проверена, автентична сметка.
Цената на новиот план ќе биде приспособена по земја „пропорционална на паритетот на куповната моќ“, додаде Маск во одговорите на неговиот оригинален твит, а исто така ќе вклучи „приоритет“ во одговарањето и пребарувањето на објави, што тој го нарече „суштинско за да се победи спам/ измама.”