СИНОЌА ПРИВЕДЕНИ ТРОЈЦА ПИЈАНИ ВОЗАЧИ ВО ТРИ ГРАДА Еден имал 3,43 промили алкохол во крвта

Кај 34-годишниот возач на „смарт“ кој бил задржан во Куманово биле измереи 3,43 промили алкохол во крвта.

144

Тројца возачи биле приведени за една ноќ поради возење во алкохолизирана состојба, јави МВР.

Во Кичево, на улица Борис Кидрич, полицијата запрела „бмв“ управувано од 26-годишен жител на село Зајас, кој имал 2,08 промили алкохол во крвта.






Неколку часа подоцна, во Куманово, полициски службеници го задржале 34-годишен возач на „смарт“ со 3,43 промили.

Во Битола пак, на улица Македонска фаланга, бил приведен 41-годишен жител на Средно Егри со 1,68 промили, откако бил запрен во „мерцедес“ со битолски регистарски таблиички.

„По целосно документирање на случаите, против тројцата возачи ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини