СИНОЌА НЕКОИ ЕПТЕН СЕ ОПУШТИЛЕ Фатени 173 пијани возачи
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштуваат од МВР.
Санкционирани се 173 возачи во текот на изминатата вечер (09/10.10.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот кога била спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија.
Од нив 42 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Велес…