Синоќа горел автомобил во Куманово

238

Изминатата ноќ горел автомобил на кумановец, соопшти денеска СВР Куманово. Настанот во кумановската полиција во 3 часот по полноќ го пријавил 61-годишниот сопственик на возилото.

„В.С.(61) од Куманово пријавил дека околу 3 часот било опожарено неговото патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки“, се наведува во соопштението на СВР Куманово.






Пожарот го изгасиле пожарникари од ТППЕ Куманово. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила и екипа од СВР Куманово.

Поврзани содржини