СИНОЌА 145 ВОЗАЧИ БИЛЕ ПИЈАНИ Засилена акција на МВР низ цела држава

277

Во текот на изминатата ноќ во периодот од 20 до 02 часот по полноќ била спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на С Македонија, при што санкционирани се 145 пијани возачи, информира МВР.

Од нив, 33 на територијата на СВР Скопје, 29 на територија на СВР Битола, по 16 на територијата на СВР Штип и СВР Струмица… При акциската контрола откриени се и 200 други видови прекршоци.






Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од полицијата.

Поврзани содржини