Синиша Михајловиќ по третпат пред олтарот: Погледнете ја венчавката за која зборува Инстаграм (ФОТО)
Славниот фудбалски тренер Синиша Михајловиќ и сопругата Аријана, со која ги помина изминатите 25 години, повторно застанаа на лудиот камен и ја потврдија својата љубов.
Кога Синиша Михајловиќ застанал пред олтарот со неговата сопруга Аријана, во 1996 година, бил сосема сигурен дека таа е жената на неговиот живот, што го потврдија со прославата на сребрената свадба каде повторно ги разменија заветите.
Имено, Синиша и Аријана ги обновија завети неодамна во родната Италија во Аријана, а целото семејство присуствувало на католичката црковна церемонија во Порто Черво.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Синиша и Аријана се запознале на почетокот на деведесеттите години, за време на престојот на Синиша во Сампордија. Тие се венчаа уште во 1996 година, потоа во 2005 година направија црковна венчавка во Сремски Карловци, а сега разменија завети по третпат и ја споделија радоста на Инстаграм.
Тој и Аријана се запознале преку заедничка пријателка на која Синиша веднаш ѝ рекол: „Порачете ѝ на Аријана дека денеска ќе се оженам со неа, ако сака. Доколку не сака денеска, може и утре.“
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм