Синиша Мали потврдил дека во Вашингтон од Србија се бара да го признае Косово

1,028

Министерот за финансии на Србија Синиша Мали потврдил за „Информер“ дека пред српската делегација во Вашингтон е ставен на маса документ во кој во една од точките се бара меѓусебно признавање.

– Добивме најлош документ, 16 точки се на маса од кои 10-та точка предвидува меѓусебно признавање. Има и економски теми, но пред сѐ ова е на маса. Притисокот е офромен. Претседателот се бори, јас сега се враќам таму, но како што кажа претседателот „Предавањето не е опција“ – изјавил Мали.






Тој додал дека српската делегација отишла во Вашингтон да разговара за економијата.

– Дојдовме со идеја да инвестираме три, четири милијарди евра, да градиме станови за млади, но тогаш доаѓате и гледате точка која е на маса за меѓусебно признавање. Битката продолжува – изјавил Мали, пренесува „Информер“

Во Вашингтон денеска под покровителство на американската администрација треба да почнат разговорите помеѓу Белград и Приштина.

Поврзани содржини