СИНИОТ ДИЈАМАНТ „МЕЛОНИ БЛУ“ ПРОДАДЕН ЗА 25,6 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Го поседувала жената која ја создала градината со рози во Белата куќа

Дијамантот има сина боја и е тежок 9,51 карат.

162

Дијамант во живописна син боја со тежина од 9,51 карат, кој претходно ѝ припаѓал на Рејчел „Бани“ Мелон, аристократка, филантроп, колекционерка на уметнички дела и блиска пријателка на Жаклин Кенеди, е продаден во Женева за 25,6 милиони долари, објави аукциската куќа „Кристи“.

Женевската филијала на „Кристи“ вчера го продаде скапоцениот камен како дел од продажбата организирана под името „Величествени скапоцености“.






Беспрекорно изработениот дијамант во облик на круша е именуван „Мелон Блу“ по неговaта поранешна сопственичка  Рејчел Ламберт „Бани“ Мелон.

Мелон била американска хортикултуралистка, градинарка, филантроп и колекционерка на уметнички дела. Таа дизајнираше и засади голем број значајни градини, вклучувајќи ја и градината со рози во Белата куќа за време на администрацијата на Кенеди, која американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја реновира оваа година.

По нејзината смрт во 2014 година , дијамантот бил продаден за 32 милиони долари. Во тоа време, тоа беше највисоката сума платена некогаш за обоен дијамант.

На вториот ден од аукцијата денеска ќе се најде и брош на Наполеон, што го пронашле припадниците на пруската војска по Битката кај Ватерло.

Овој брош, чија вредност се проценува меѓу 130.000 и 220.000 евра, се наоѓал меѓу личните предмети што императорот морал да ги остави зад себе додека бегал од англиските и пруските војници по прочуената битка.

Во центарот на кружниот брош, со дијаметар од околу 45 милиметри, се наоѓа голем овален дијамант од 13,4 карата, опкружен со речиси стотина мали дијаманти распоредени во два реда.

Поврзани содржини