СИНЕР МОЛЧИ ЗА ЛАКТОТ, ВИМБЛДОН МУ ОДРЖА ЛЕКЦИЈА Нема место за двоумење кога е во прашање Централниот терен

Централниот терен на Вимблдон едноставно мора да има програма без прекин. Тоа е причината зошто организаторите на турнирот решиле за секој случај да го преместат мечот меѓу Јаник Синер и Бен Шелтон откако Синер цели 30 часа моли за болките во лактот и дава сигнали дека може да го откаже дуелот.

8,177

Само 30 часа откако ја збуни јавноста со молкот поради болки во лактот, тенискиот ас Јаник Синер направи организаторите да го преместат неговиот меч на терен број 1 и да му одржат лекција, пренесува српска Нова.

Италијанецот најпрво закажал тренинг сесија во вторник во 17 часот, па ја откажал, оставајќи впечаток дека ќе се повлече од Вимблдон. Наместо тоа, се појавил на терен, што довело до неочекуваната одлука дуелот со Бен Шелтон да не се одигра на Централниот терен, туку на терен број 1.






Синер ги збунил сите. Закажал тренинг на Аоранги Парк, па ненадејно го откажал. Мнозина претпоставиле дека нема да игра, но следното утро се појавил на затворениот терен. Неговиот тренер Дарен Кејхил објаснил:

– Отидовме на затворените терени и само му ја додававме топката 20, 30 минути, само за да добиеме чувство за топката. Ќе биде океј, а и беше убаво да излезе на терен. Невозможно е Синер да си земе слободен ден – изјави Кејхил.

Организаторите не сакале да ризикуваат Централниот терен да остане без натпревар. Стравувајќи дека Синер ќе се повлече во последен момент, го преместиле неговиот меч, додека Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети останале на главната сцена.

Иако мечот Синер–Шелтон привлекува поголем интерес поради дуелот на двајца играчи од Топ 10, практичноста преовлада – Централниот терен на Вимблдон едноставно мора да има програма без прекин.

Поврзани содржини