СИНЕР ГО ЗАМОЛЧИ ФРИЦ И ГО ОСВОИ УС ОПЕН Ова е нова тениска историја во Њујорк, ја нема големата тројка!

Претходно, за пресудниот меч на УС Опен се пишуваше дека тој ќе ја заврши ерата на „големата тројка“, односно ова за првпат е сезона без трофеј на еден од тројцата асови - Роџер Федерер, Рафаел надал и Новак Ѓоковиќ. Вакво нешто не се случило 22 години, односно од далечната 2002 година.

549

Италијанскиот тенисер Јаник Синер откако го освои првиот, го крена трофејот и на последниот Грен слем турнир за 2024 година. Првиот светски рекет во финалето на УС Опен беше подобар од домашниот тенисер Тејлор Фриц со убедливи 3-0.

Се обиде Американецот да парира, ветер во грб требаше да му биде и публиката која очекувано беше целосно на негова страна. Сепак, во само три сета Италијанецот го реши мечот во своја корист.






Синер го освои својот втор голем трофеј, а со оваа победа си ја зголеми и предноста на АТП рангирањето.

Претходно, за пресудниот меч на УС Опен се пишуваше дека тој ќе ја заврши ерата на „големата тројка“, односно ова за првпат е сезона без трофеј на еден од тројцата асови – Роџер Федерер, Рафаел надал и Новак Ѓоковиќ. Вакво нешто не се случило 22 години, односно од далечната 2002 година.

 

Поврзани содржини