СИНЕР ДОБИ НАГРАДА КОЈА НИКОГАШ НЕ ЈА ДОБИЛ ЃОКОВИЌ Италијанецот се искачи на пиедесталот за 2024 година

Синер ја започна годината со 16 последователни победи. Тој падна на допинг тест, но аферата не му го скрши имиџот.

907

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја доби наградата за омилен играч на публиката за 2024 година. Од 2003 до 2021 година таа секогаш одеше во рацете на Роџер Федерер, потоа една година на Надал, а никогаш не ја освоил тенискиот ас Новак Ѓоковиќ.

Синер ја започна годината со 16 последователни победи. Тој падна на допинг тест, но аферата не му го скрши имиџот.






– Би сакал да ѝ се заблагодарам на тениската публика ширум светот што гласаше за мене. Ова многу ми значи затоа што гласовите доаѓаат од вас. Вие сте причината поради која играм тенис. Поддршката беше одлична за време на целата сезона – рече Синер.

 

Поврзани содржини