Синдикатот се избори за родов речник и за платена пауза на мајките доилки во МВР

Жените вработени во МВР, според Колективниот договор, ќе имаат и право на еднократен надоместо од 100 евра за декое новородено дете.

352

Еднократен паричен надоместок во висина од 100 евра во денарска противвредност на работничка-мајка за секое новородено дете и право на платена пауза во текот на работното време од еден и полчас во кое се пресметува и дневната пауза за мајките доилки. Ова се дел од новите права што се содржани во Колективниот договор потпишан во Министерството за внатрешни работи.

Како што информира претседателката на секцијата на жени во Македонскиот полициски синдикат Хризантема Рендевска Колективниот договор предвидува и други новостекнати права.






– Заштита на работниците кои имаат уште 3 ефективни години до остварувањето на правото на пензија; јубилејна награда во висина од половина од просечната месечна плата за непрекинато работење во ефективно траење од 10 години во Министерството; доброволните крводарители имаат право на 3 слободни дена; домашно дежурство како посебен работен услов и право на додаток на плата од 5 отсто од час; право на платено отсуство кога работникот го претставува Министерството или учествува како дел од државна репрезентација на спортски, културни и други манифестации; еднократен паричен надоместок за менторство во висина од 150 евра во денарска противвредност; посебна заштита за ноќна работа со право на соодветна храна или посебен надоместок за трошоци за исхрана во висина од 20 отсто од просечната нето-плата – вели Рендевска.

Таа нагласува дека во новиот Колективен договор на Министерството за внатрешни работи, родовиот речник и терминологија се воспоставени за прв пат.

– Очекувам истата да биде усвоена и користена не само од членовите и членките на Македонскиот полициски синдикат туку и од сите работници во Министерството за внатрешни работи – вели Рендевска.

 

 

Поврзани содржини