СИНДИКАТОТ ОДБИ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ОД 40%, СЕГА ПРАВИ НЕОСНОВАН ПРОТЕСТ Целта е да се наштети на Владата

Владата е медијатор, го има оформено Економско-социјален совет, разговара со синдикатите и со работодавачите, а конечниот договор, согласно закон, мора да биде постигната помеѓу работодавачите и синдикатите. Меѓутоа, ССМ наместо да преговара, води политика, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

0

Ова раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија не се бори за повисоки плати на работниците, туку напротив, игра политичка улога под палката на СДСМ за да ѝ наштети на Владата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Синдикатот одби 40% зголемување на платите во рок од 2 години, нешто коешто беше понудено од Владата, нешто коешто го изјави јавно и премиерот. Зошто? Затоа што нивната борба не е за повисоки плати, нивната борба е да наштетат на Владата. И тоа граѓаните мора да го знаат – рече Петрушевски во гостување на Алфа.






Пратеникот посочи дека ССМ не го поздравил досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и во здравството, ниту пак ги поздрави зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа.

Нагласи дека протестот којшто се одржа од страна на ССМ не е затоа што нивен приоритет се работниците, работничките права и работничките плати, туку дека нивен приоритет е политиката.

– Владата е медијатор, го има оформено Економско-социјален совет, разговара со синдикатите, разговара со работодавачите, меѓутоа конечниот договор, согласно закон, согласно досега воспоставена пракса, мора да биде постигната помеѓу работодавачите и синдикатите. Меѓутоа, ССМ кој што денес протестира, наместо да преговара, наместо да разговара со работодавачите, наместо да ги пофали оние зголемувања на плати коишто досега се постигнати во здравство, образование итн., и да си ја работи работата за којашто всушност постои, води политика и прави неосновани протести, претходно одбивајќи 40% зголемување на платите – дециден е Петрушевски.

Поврзани содржини