СИНДИКАТОТ НА ПОЛИЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА НАЈАВИ ПРОТЕСТ Се бара поддршка од сродните синдикални организации

Да се искаже револтот на вработените во полицијата заради ниските плати во полицијата, велат од СПМ.

511

Синдикатот на полицијата на Македонија (СПМ), една од трите синдикални организации во Министерството за внатрешни работи (МВР), најави протести на своето членство поради како што се вели во соопштението објавено на Фејсбук, револт поради ниските плати.

„ Сакаме да ве информираме и запознаеме дека во деновите 26, 27, 28 и 29 Април 2022 година (Вторник, Среда, Четврток и Петок) со почеток во 16.00 часот пред Собрание на Република Македонија, Синдикат на Полиција во Македонија (СПМ) заедно со 4 Грански Синдикати во рамките на Конфедерација на слободни синдикати во Македонија (КСС) ќе одржува протест. СПМ на самиот протест е да се искаже револтот на вработените во полицијата заради ниските плати во полицијата“, се вели во соопштението.






СПМ побара поддршка и од Македонски полициски синдикат (МПС) и од Независниот синдикат на полицијата (НСП).

Поврзани содржини