СИНДИКАТИТЕ КОНТРА ФИЛИПЧЕ Присилната вакцинација е неуставна, ако треба ќе протестираме
Ја поздравивме кампањата и едукацијата на работниците по однос на вакцинацијата, но на крајот секој поединец сам носи одлука за сопственото тело, реагираше Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ).
Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) е против задолжителната вакцинација за вработените во јавниот и приватниот сектор.
Оттаму сметаат дека е неприфатливо да се наруши слободниот избор на работници по однос на прашањето за имунизација од ковид-19.
„Мнозинството работници е веќе вакцинирано, но постои и дел од вработените кои решиле да не се вакцинираат поради лични или здравствени причини и синдикатот силно го почитува нивниот избор. Како КСОМ ја поздравивме кампањата и едукацијата на работниците по однос на вакцинацијата, но на крајот секој поединец сам носи одлука за сопственото тело. Присилната-задолжителна вакцинација е неуставна и доколку истата преиде во фаза на спроведување, КСОМ најавува дека ќе организира синдикални протести и ќе покрене иницијатива пред Уставниот суд со цел да ги заштити членовите на синдикатот кои по сопствено убедување решиле дека не сакаат да се вакцинираат“, се вели во соопштението на КСОМ.