СИНДИКАЛНАТА КОШНИЧКА ЗА 3 МЕСЕЦИ ПОСКАПE 1.000 ДЕНАРИ За опстанок на едно семејство биле потребни 36.768 денари

За храна и пијалоци во март биле потребни минимум 15.780 денари, а за режиски трошоци 11.597 денари.

336

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март изнесуваат 36.768 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја прави пресметката на синдикалната минимална кошничка.

– Од почетокот на годинава е зголемена за 1.000 денари, а во однос на претходната година вомесец март е зголемена за 3.000 денари. Најголемо зголемување има кај исхрана и пијалоци  и кај превозот, што значи си продолжува растот на истата – велат од Сојузот на синдикати на Македонија.






За храна и пијалоци во март биле потребни минимум 15.780 денари, а за режиски трошоци 11.597 денари. Останатите пари од синдикалната минимална кошничка се за превоз, облека и за здравствени услуги.

И Државниот завод за статистика денеска излезе со најнови податоци за трошоците на живот и цените на мало. Според статистичките податоци, во март инфлацијата изнесува 8,8 проценти во однос на март лани, а цените на мало за 9,6 отсто. Во однос на февруари, има зголемување за 1,6 проценти кај трошицте на живот и за 1,5 отсто кај цените на мало.

Поврзани содржини