СИНДИКАЛНАТA КОШНИЦА ПОЕВТИНА ЗА 371 ДЕНАР Овој месец таа изнесува 65.173 денари

Традиционално најмногу пари во кошничката се трошат за  храна, за што месецов, според синдикатот се потребни 23.534 денари, по што доаѓаат трошоците за образование (7.159 денари) како и трошоците за сметки за вода и за струја за што се потребни 6.130 денари. 

93

Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември 2025 година изнесува 65.173 денари и споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за претходниот месец која изнесуваше 65.544 денари е намалена за 371 денари, соопшти Сојузот на синдикатите.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец ноември кошничката изнесува 80.548 денари. Во оваа пресметка ССМ користи кирија и сметки за вода и струја кои овој месец чинеле 21.505 денари.






Традиционално најмногу пари во кошничката се трошат за  храна, за што месецов, според синдикатот се потребни 23.534 денари, по што доаѓаат трошоците за образование (7.159 денари) како и трошоците за сметки за вода и за струја за што се потребни 6.130 денари.

Структура на новата СMK за месец ноември 2025 година

Месечно по домаќинство Структура во проценти
01 Храна и пијалаци 23.534 36,1
02 Облека и обувки 5.731 8,8
03 Станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.130 9,4
04 Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.506 3,8
05 Здравје 1.185 1,8
06 Транспорт 4.689 7,2
07 Комуникации 3.417 5,2
08 Рекреација и култура 5.592 8,6
09 Образование 7.159 11,0
10 Ресторани и хотели 4.131 6,3
11 Останати стоки и услуги 1.100 1,7
Вкупно СМК 65.173 100,0

 

Поврзани содржини