СИНА АЈКУЛА СЕ ЗАГЛАВИ ВО ПЛИТКОТО НА ЈАДРАНСКОТО МОРЕ Снимката од Хрватска стана хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Професорот Ален Солдо од Универзитетот во Сплит за хрватските медиуми изјави дека најверојатно станува збор за т.н. сина ајкула.

891

Снимка со ајкула која плива во плитките води на Јадранското Море во Хрватска деновиве е вистински хот на социјалните мрежи, а како што е наведено, ајкулата плива во крајбрежјето кај Пировец.

Професорот Ален Солдо од Универзитетот во Сплит за хрватските медиуми изјави дека најверојатно станува збор за т.н. сина ајкула.






– Од видеото тешко може да се заклучи за кој вид се работи бидејќи за прецизно и за точно идентификување недостасуваат низа детали. Затоа може само да претпоставиме за кој вид се работи, според движењето најмногу потсетува на сината ајкула која на Јадранот е најраспространет вид на ајкула – истакна Солдо за 24 sata.hr

Поврзани содржини