СИН НА УКРАИНСКИ ПОЛИТИЧАР ЖИВ ЗАПАЛЕН ВО ВИЕНА! За ужасниот злостор се сомничат двајца Украинци

Првично се претпоставуавше дека злосторството е поврзано со неговиот татко, заменик-градоначалникот на Харков, но подоцна во истрагата беше исклучен политичкиот мотив.

0

Австриската полиција го реши ужасниот злостор во кој беше убиен 21-годишен украински студент од Виена, кој беше пријавен за исчезнат од неговите родители минатата среда навечер.

Неговото тело беше пронајдено околу 00:30 часот во виенскиот округ Донауштад, откако граѓаните пријавија пожар во Мерцедес со украински регистарски таблички. Пожарникарите го открија телото на младиот човек на задното седиште од возилото дури откако пожарот беше изгаснат.






Истрагата набрзо доби драматичен пресврт. Се покажа дека автомобилот не е местото на убиството. Според анализата на последните часови од животот на младиот човек, првото место на злосторството била подземната гаража на луксузниот хотел Софител, каде што бил нападнат и совладан од неколку лица. Снимките од безбедносните камери ја потврдија бруталноста на нападот, а на телото на жртвата беа пронајдени сериозни повреди и обемни изгореници.

Австриската полиција, во соработка со украинските власти и Европол, уапси две лица – 19-годишен и 45-годишен Украинец. Првично, се сомневаше дека злосторството може да биде поврзано со неговиот татко, заменик-градоначалникот на Харков, но беше исклучен политичкиот мотив. Потоа истрагата се фокусираше на парите. По нападот, од паричникот за криптовалути на жртвата беше подигната голема сума, а кај еден од осомничените беше пронајдена поголема сума американски долари.

По бруталното тепање, младиот човек бил ставен на задното седиште од Мерцедес и запален, што, според полковникот Герхард Винклер од Виенската криминалистичка полиција, веројатно е направено за да се прикријат доказите. Телото било изгорено за 80 проценти, а задушување или топлотен удар се можни причини за смртта. Истражителите пронашле растопен резервоар со бензин и траги од катализатор во возилото, што на крајот ги довело до видеото од бензинската пумпа и идентитетот на сторителите.

Двајцата осомничени избегале во Украина по злосторството. Австрија нема да може да бара екстрадиција, па затоа постапката ќе се води пред украинското судство, на кое случајот официјално ќе му биде префрлен.

Поврзани содржини