📽 СИН МИ НЕ Е ТЕРОРИСТ! Се расплака мајката на уапсениот кој им изнајмил стан на терористите во Москва
Вознемирената и уплакана мајка на Алишер Касимов вели дека нејзиниот син не ги познавал луѓето на кои им го изнајмил станот, а тие му рекле дека дошле да работат на градилиште.
Во медиумите се огласи Рана Касимов (59) мајката на уапсениот Алишер Касимов, обвинет за помагање во терористичкиот напад во Москва, кој му го изнајмил станот на водачот на терористите Шамсуидин Фаридуни.
Вознемирената и уплакана мајка на Касимов вели дека нејзиниот син не ги познавал луѓето на кои им го изнајмил станот, а тие му рекле дека дошле да работат на градилиште.
– Син ми не е терорист. Му реков да го издава станот само на Руси, но му требаат пари, а има 3 деца и хипотека, треба да ја отплати, па затоа им го издаде станот на овие луѓе. Тој им веруваше на сите. Таков човек е, верува – изјави низ солзи мајката на Алишер Касимов.
Таа рече и дека се Узбеци од Киргистан, 27 години работи како медицинска сестра, разведена е и дека сама го одгледала синот. Мајката неколкупати нагласи дека нејзиниот син е вреден човек, има 3 мали деца и дека работи од својата 11-та година.
Според информациите во руските медиуми, Касимов поседува мал ресторан, во Москва, во кој доаѓал Шамсуидин Фаридуни, но таа порекна.