Симулација на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе има еден пратеник повеќе

2,742

Според обработени 75 отсто од избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ направи симулација за пратенички мандати.

Според нивната симулација СДСМ ќе има еден пратеник повеќе 48, а ВМРО-ДПМНЕ еден помалку, односно 47.






ДУИ ќе има 13, Алијанса за Албанците 10 и Левица едно пратеничко место.

На прес конфренцијата вечерва генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, објави дека СДСМ е во водство од два мандата пред ВМРО-ДПМНЕ.

Според последните објавени резултати од ДИК, намалена е разликата меѓу коалицијата „Можеме“ и ВМРО-ДПМНЕ.

Според ДИК, 36,46 отсто има Коалицијата „Можеме“, 35,38 ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ 10, 84 отсто, 8,44 отсто за Алијанса и Левица 3,98%.

Според досега обработените податоци на ДИК, СДСМ победила во единицата, четворката и во петката. Во двојка и тројка во водство е ВМРО-ДПМНЕ, во шестката победила ДУИ.

Според број на гласачи, од досега обработените податоци, за СДСМ гласале околу 232.000 избирачи, за ВМРО-ДПМНЕ 226.000, за ДУИ 67.000, за Алијанса 53.000, за Левица 25.500, за ДПА 9.000 и за Интегра 8.500.

Поврзани содржини