Симптом на едно болно општество
Не се сомневам дека после медиумската покриеност на ова со „Жена од султана” ќе има некаква разрешница. Ќе го решиме симптомот, а болеста уште ќе нѐ јаде во молк.
„Жена од султана“ во градинка не е болест, туку е симптом на едно болно општество.
Иако реакциите се оправдани, такви текстови немаат место во образовен систем, поважно е прашањето за нашиот молк за темите што довеле до оваа општа ерозија на вредностите.
Се молчи за криминали, се молчи за политизација на општеството (а со тоа и на образованието), се молчи за партиски кадар насекаде.
Децата не ни ги гледаат родителите, кои често работат по две работи, за да можат да ги прехранат и нив, и банките, и извршителите на врат закачени.
Децата живеат во најзагадената земја во Европа. Јадат свашта затоа што е поевтино од здрава храна. А стандардот беден.
Слушаат и гледаат како во ова општество успеваат само корумпирани, подли, гнасни ликови. Ова е општество кое не цени никакви вредности. Општество на партиски паразити.
Не се сомневам дека после медиумската покриеност на ова со „Жена од султана” ќе има некаква разрешница. Ќе го решиме симптомот, а болеста уште ќе нѐ јаде во молк.
(ФБ статус на Божидар Божиновски)