СИМОВСКИ СЕ ШЕГУВАЛ ДЕКА ЌЕ СТАНЕ ДРЖАВЕН НЕПРИЈАТЕЛ Им се извинувам на сите за мојата изјава

Им се извинувам на граѓаните за таа шега. Кај нас секогаш се наоѓа некој експерт и си дозволува да коментира иако не знае како точно стојат работите. Затоа така реков, оти ќе бидам државен непријател број еден.

682

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски се извини пред јавноста за неговата изјава дадена минатиот месец, кога истакна дека по објавувањето на бројките од пописот, ќе биде сметан за државен непријател.

– Им се извинувам на граѓаните за таа шега. Кај нас секогаш се наоѓа некој експерт и си дозволува да коментира иако не знае како точно стојат работите. Затоа така реков, оти ќе бидам државен непријател број еден. Ама им се извинувам на сите, тоа беше само обична шега. Имаме обврска да прикажеме реална слика на состојбата. Тоа го направивме, а дали некому му се допаѓа или не, тоа не ме интересира. Ако некој очекувал поинакви резултати, очекувано е тој да ме напаѓа мене – изјави тој.

 

Поврзани содржини