СИМОН ТРПЧЕВСКИ ЗАПЕА „НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ“ Поздрав до сите Македонци кои се свесни за своите корени и имаат достоинство (ВИДЕО)

Песната „Народе Македонски“ е создадена во спомен на масакрите во 1903 и 1905 година во костурското село Загоричани врз месното цивилно население од страна на Турците и Грците. Убиени биле над 200 загоричани, а селото било уништено.

1,649

Најпознатиот македонски пијанист, Симон Трпчески, ја започнува турнејата низ Канада и САД. Синоќа во Отава со својот оркестар требаше да го изведе „Македонисимо“ а своите фанови ги почести со една специјална песна – „Народе македонски“.

„Пред северноамериканската премиера на Македонисимо, поздрав до македонскиот народ и сите Македонци кои се свесни за своите корени и имаат достоинство, со една прекрасна песна која тлее со генерации! Отава, доаѓаме, напиша Трпчески на својата страна на Фејсбук.






Песната Народе Македонски е создадена во спомен на масакрите во 1903 и 1905 година во костурското село Загоричани врз месното цивилно население од страна на Турците и Грците. Убиени биле над 200 загоричани, а селото било уништено.

Поврзани содржини