Симевски за ТВ24: Набавена е целата опрема за пописот

Она што ни е важно и врзано со законот, е организацијата на теренот. Треба да се формираат реонските пописни комисии кои ќе имаат логистичка улога - вели Симевски.

518

Апостол Симевски, директор на Заводот за статистика во емисијата 24 анализа истакна неспорно се доцни со донесувањето на законот и дека пописот се уште има можност да се спроведе. Сите подготовки течат и трошењето на финансиските сретства оди независно од законот.

– Буџетот и трошењето на сретствата не се врзаува со носењето на законот. Набавена е целата опрема, таа е во заводот, софтверското решение е завршено. Она што ни е важно и врзано со законот, е организацијата на теренот. Треба да се формираат реонските пописни комисии кои ќе имаат логистичка улога – вели Симевски.






Тој рече дека ова бара голем простор и обука на лицата, а со пандемијата ќе треба многу голем простор за квалитетна обука.

– Ова се правело по училиштата, а регионалните пописни комисии треба тоа да го овозможат. Со пописот ќе бидат опфатени три алинеи, државјани на С. Македонија кои имаат живеалиште или престојувалиште во државата, без разлика дали се тука или во странство во моментот на пописот, странски државјани кои престојуваат во државата, со одобрение на престој и лица без државјанство кои во моментот на спроведување на пописот се затекнати во државата – рече Симевски.

Поврзани содржини