Симевски: Никој нема да има корист од евентуланиот бојкот на пописот

Директорот на Заводот за статистика смета дека бојкотот на пописот од опозицијата е најлошата одлука што би можел да ја донесе некој политички субјект посочувајќи оти на тој начин само ќе направи штета.

327

Наша цел е по најавениот попис на населението во април, следниот попис да биде исклучиво базиран на податоци од регистри, изјави вечерва директорот на Заводот за статистика, Апостол Симевски во емисија на ТВ Телма.

Симевски  смета дека бојкотот на пописот од  опозицијата е најлошата одлука што би можел да ја донесе некој политички субјект посочувајќи оти на тој начин само ќе направи штета, односно „никаква корист за никого“.






– Така ќе останеме и понатаму единствената земја којашто ќе нема податоци од попис, ќе останеме единствената земја којашто нема да може да планира каков било развој од економски, образовен, културен аспект и ќе останеме црната дупка во светот како единствена земја што не го направила тоа и каде што никој нема да не третира како било каков партнер, нема да ни дојде ниту еден инвеститор повеќе во државата за да инвестира, немајќи никаква информација за тоа што нуди овој пазар како официјална работна сила, каков е овој пазар како потрошувачки – изјави директорот на Заводот за статистика.

Околу попишувањето на лицата кои се заминати од државата, Симевски наведе дека тие ќе бидат попишани во посебни категории.

– Луѓето претходно се попишуваа плашајќи се дека ако не запишат нема да добијат државјанство или имотно право во државата, па така свесно даваа погрешни изјави и кажуваа дека тие се во државата и оваа бројка ја оптоваруваа дополнително – рече тој.

 

Поврзани содржини