📷 СИМБОЛОТ ЗА ЗАСТОЈ ГО ПРЕТВОРИВМЕ ВО СИМБОЛ НА НОВОТО ВРЕМЕ Мицкоски ги отвори првите 20 километри од автопатот Кичево-Охрид
Премиерот вели дека следната година ќе биде завршен целиот автопат и дека тоа нема да биде случајна победа, туку, како што изјави, планиран успех и резултат на вредна секојдневна одговорна работа.
„Само една година откако ја презмавме одговорнста да ја водиме државата успеавме да го откочиме еден од најголемите и најзаглавените инфраструктурни проекти во Македонија. Проект кој со години стоше како симбол на застој, срамна слика за држава што тапка во место, а денес е симбол на новото време. Денеска само една година откако ја добивме довербата од народот покажуваме што значи вистинско работење со дела, а не со зборови. Секој метар од автопатот е изграден со напорна работа, но и со јасна волја за напредок и да се стави крај на неуспесите од минатото“.
Вака изјави премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на првите 20 километри на автопатот Кичево-Охрид, од Врбјани до Ботун. Мицкоски вели дека следната година ќе биде завршен целиот автопат и дека тоа нема да биде случајна победа, туку, како што изјави, планиран успех и резултат на вредна секојдневна одговорна работа.

– Седум години траеше чекањето, ветувањата без дела, бесцелното трошење време, пари и нерви на граѓаните. Седум години нерасчистени имотни односи, променети проекти, нефункционални институции и недомаќинско работење. Денес, само една година откако ја добивме довербата од народот, докажуваме што значи вистинско работење- со дела, не со зборови – додава премиерот.
Тој потсети дека во една година новата влада ги пуштила во употреба дел од експресниот пат Градско-Прилеп на потегот Градско-Дреново, експресниот пат Дреново-Фариш, експресниот пат Ранковце-Крива Паланка кај Страцин долг 26 километри и го реконструирала регионалниот пат Охрид-Свети Наум долг 25 километри.

– На ова јас би ги додал и делницата која што исто така е дел од Коридорорт 8, а тоа е Гостивар- Букојчани која што ја затекнавме речиси никаде, иплатени само авансни фактури, а на терен буквално ништо не беше направено. За разлика од пред една година, тамо сега се работи, се гради и јас сум оптисмист дека и пред рокот ќе го завршиме овој дел од автопатот кој што е значаен дел од Коридорот 8 – порача Мицкоски.
Првиот човек на Владата вели дека денеска владата испраќа порака дека ќе го доврши автопатот Кичево-Охрид и дека ќе ги доврши промените.

– Ние не ветуваме многу. Но, она што го ветуваме, го испорачуваме. Ние не зборуваме за темели, ние ги градиме – истакна премиерот.
На отворањето свое обраќање имаа и Коце Трајановски, директорот на ЈПДП, заменик министерката за енергетика и Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт.
Николоски се надоврза на изјавите на Мицкоски велејќи дека автопатот кој „беше симбол на неспособноста на претходната влада“ сега станува симбол на нова надеж и успеси.