СИМБОЛИЧЕН НАСЛОВ Објавена насловната и името на долгоочекуваните мемоари на принцот Хари (ФОТО)
Од насловот на книгата е јасно дека „spare“ се однесува на изразот „the heir and the spare“, односно „наследник и резерва“, односно на положбата на принцот Хари во кралското семејство од моментот на неговото раѓање.
Издавачката компанија „Penguin Random House“ објави дека мемоарите на принцот Хари ќе бидат објавени на 10 јануари 2023 година. Принцот Хари ја нарече книгата „Резервa“ (Spare). Од насловот на книгата е јасно дека „spare“ се однесува на изразот „the heir and the spare“, односно „наследник и резерва“, односно на положбата на принцот Хари во кралското семејство од моментот на неговото раѓање.
Книгата првично требаше да биде објавена кон крајот на 2022 година, а Хари вети дека ќе биде точен и целосно вистинит приказ од прва рака за неговиот живот. Издавачот „Penguin Random House“ рече дека книгата ги враќа читателите назад кон една од најтрогателните слики на 20 век: две момчиња, два принца, кои чекорат зад ковчегот на нивната мајка додека светот гледа со тага – и со ужас.
We are excited to announce the remarkably personal and emotionally powerful story of Prince Harry, The Duke of Sussex.
SPARE, the highly anticipated #PrinceHarryMemoir, will be published on January 10, 2023. Learn more at https://t.co/L0I4CT4flH pic.twitter.com/iqdBjBwkWE
— Random House Group (@randomhouse) October 27, 2022
„Со својата сурова, непоколеблива искреност, „Резерва“ е значајна публикација полна со увид, откровение, самоиспитување и тешко стекната мудрост за вечната моќ на љубовта над тагата“, рече издавачот.
„Резерва“ ќе биде објавена на 10 јануари на 16 јазици ширум светот, а истиот ден ќе биде објавена и аудио книга што ја чита принцот Хари. Маркус Доле, глобален извршен директор на „Penguin Random House“, рече дека принцот Хари „споделува неверојатно трогателно лично патување од траума до заздравување, кое зборува за моќта на љубовта и ќе инспирира и охрабри милиони луѓе ширум светот“.
Приходите на принцот Хари од книгата ќе бидат донирани во добротворни цели.
ФОТО: Твитер