Силва е позитивен на ковид-19

303

Реал Сосиедад објави порака на својата веб-страница дека новиот играч во тимот – Давид Силва е позитивен на тестот за коронавирус. Играчот од средниот ред го направил тестот утрото на клиниката „Гипускоа“.

Силва патуваше вчера со редовен лет од Билбао и вечерта пристигна во Сан Себастијан. Утрото направил тест, кој излезе со позитивен резултат.






За време на неговите први часови како фудбалер на Сосиедад, по неговото претставување во вторникот, играчот немал можност да се сретне со своите нови колеги.

Играчот е веќе изолиран.

Поврзани содржини