Силувано дете во Куманово, истепана здравствена работничка во Прилеп, диво животно тешко повреди ловџија

2,288

ВРАБОТЕНИ ГО ОШТЕТИЛЕ „МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ ЗА 1.248.064 ДЕНАРИ – СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(64), А.Б.(61), М.Т.(67) и М.М.(49) од сите од Битола, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и правно лице од Берово, управител  В.С. (40), поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2016 и 2017, прво, второ, трето и четвртопријавениот ја искористиле службената положба и ги пречекориле границите на своите овластувања, изготвиле и потпишале документација (приемници за сеча, дотур и испратница) во кои било наведено дека дрвната маса потекнува од оддел 65-а, во ШСЕ „Кајмакчалан“, меѓутоа по извршената контрола на терен од стручна екипа од внатрешната контрола од Јавното претпријатие од Скопје, се констатирало дека на оддел 65-а воопшто не била извршена сеча и дотур на техничко дрво. На тој начин пријавените на правното лице му обезбедиле за себе да прибави противправна имотна корист со лажно прикажување дека од нивна страна била извршена услуга, сеча и дотур на дрвна маса од оддел 65-а, преку издавање на фактури во 2016 и 2017 година, а на штета на ЈП Национални шуми во износ од 1.248.064 денари.

КАЈ ЗАТВОРЕНИЦИ ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР ПРИНАЈДЕНА ДРОГА – На 18.10.2020 во 8.22 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом Штип било пријавено дека во затворска соба, кај осудените лица О.Б. и Е.М., била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид на местото и се работи на расчистување на случајот.






ПОЖАР ВО КУЌА ВО МАВРОВО – На 19.10.2020 во 2.50 часот било пријавено дека во Маврово, во куќа сопственост на Ќ.Ѓ.(55), настанал пожар при што бил зафатен оџакот и вториот кат од куќата. Повредени лица нема. Од страна на Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен од увидна екипа на СВР Тетово.

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО ЦЕНТАР – а 18.10.2020 околу 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред хотел на подрачјето на Центар дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Е.(18) и С.М.(40), двајцата од Скопје, од една страна и О.Р.(46) од Скопје, од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл. 11 од ЗППЈРМ.

ДИВО ЖИВОТНО ТЕШКО ПОВРЕДИ ЛОВЏИЈА – На 18.10.2020 во 6.40 часот било пријавено дека во атарот на с.Црешново,  Македонски Брод, при лов, Љ.К.(64) од Скопје бил нападнат од диво животно. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп.

ВРАБОТЕН НАПАДНАТ ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА – На 18.10.2020 во 21.55 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(36) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот, додека бил на работно место во спортска обложувалница на подрачјето на Аеродром, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување наслучајот.

ТЕПАЧКА  ВО КАФЕАНА – На 18.10.2020 во 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачје на Аеродром дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Џ.(56) и Б.Ј.(46), и двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

ПРИЛЕПЧАНЕЦ ИСТЕПАЛ ЗДРАВСТВЕНА РАБОТНИЧКА– ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.У.(32) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз здравствен работник при вршење здравствена дејност“.  На 29.07.2020 во Прилеп, во здравствена установа на ул.„Марксова“, Т.У. по претходна расправија физички ја нападнал М.Д., вработена во установата.

КУМАНОВЕЦ ДОМА ЧУВАЛ МАРИХУАНА – СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.К.(45), поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.  На 10.04.2020 во Куманово, на ул.„15 Мај“, во домот на пријавениот, при претрес од полициски службеници била пронајдена и одземена марихуана и растенија канабис.

ВОЗЕЛ СО ФАЛС ВОЗАЧКА – СВР Струмица поднесе кривичнa пријавa против В.К. од с.Раброво, валандовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 21.08.2020 во Валандово, на ул.,,Никола Карев’’, на место викано „Монопол“, В.К. кој управувал патничко возило ,,југо’’ бил сопрен од полициски службеници, при што дал на преглед сообраќајна дозвола од неговото возило кое било исто по марка и модел, доведувајќи ги во заблуда полициските службеници, дека возилото кое го управувал В.К., било возило на кое гласат регистарските ознаки.

НА ДИВО КОПАЛЕ МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ј.(48) од с.Палатица, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“. На 29.07.2020 во атарот на с.Палатица, од полициски службеници биле забележани два багера, од кои едниот бил паркиран, а другиот бил управуван од Е.Ј., син на Н.Ј., кој со себе не поседувал документација, а кажал дека вршел ископ во својата парцела со површина од 679 м2 .

СИЛУВАНО ДЕТЕ ВО КУМАНОВО – На 17.10.2020 во СВР Куманово, 43 годишен жител од Куманово пријавил дека машко лице извршило обљуба врз неговото малолетно дете. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани содржини