СИЛУВАЛ ОВЦА, КОБИЛА И МРТВА КОКОШКА Вештаците утврдиле дека бил здрав и при памет

Славонец од Хрватска признал дека имал сексуални односи со овца, кобила и дури и мртва кокошка. И покрај природата на делото, вештаците утврдиле дека е психички здрав.

931

Како што пренесува „Нови лист“, Општинското државно обвинителство товари 43-годишен невработен градежен работник од Славонија, Хрватска, дека во периодот од 2022 до 5 март 2025 година, на земјоделско земјиште и фарма во близина на неговата куќа, повеќепати имал сексуални односи со овца и со кобила, свесен дека на животните им нанесува болка и страдање.

Сè признал






Обвинетиот се брани од слобода, а за време на испитувањето целосно ги признал сите дела за кои се товари. Во исказот изјавил дека еднаш, додека шетал по насипот, забележал овца и – како што самиот рекол – „имал секс со неа“.

Според неговите зборови, настанот се случил во 2023 година. Додал и дека на истото место пронашол мртва кокошка со која исто така имал сексуален однос, по што ја фрлил во тревата. Признал и дека повеќе пати влегувал во непозната штала во селото, каде што, според неговото признание, имал сексуални односи со кобила – вкупно осум пати. Во истиот исказ навел дека со овцата имал сексуален однос најмалку три пати.

Пронајдени се и снимки

Полицијата при истрагата му го прегледала мобилниот телефон и на него пронашла девет видеа на кои непознати мажи имаат сексуални односи со животни. Освен тоа, биле пронајдени и пораки кои обвинетиот ги испраќал на други лица, во кои јасно наведува дека имал односи со животни.

Поради природата на делото било спроведено психијатриско вештачење со цел утврдување на евентуално нарушување на менталното здравје.

Вештаците утврдиле дека обвинетиот не боледувал од никакво пореметување, дека во моментот на извршување на делата бил целосно здрав, способен да го сфати значењето на своето постапување и да управува со својата волја, и дека не му е потребно психијатриско лекување. Едноставно кажано, како што пренесува „Нови лист“, „со главата му е сè во ред“.

Му се заканува затвор

За кривичното дело за кое е обвинет 43-годишникот е предвидена затворска казна до две години. Сепак, обвинителството предлага казна затвор во траење од десет месеци, со услов таа да не се изврши доколку обвинетиот во рок од три години не стори ново кривично дело.

Исто така, обвинителот предлага судот да го обврзе обвинетиот да ѝ ги надомести на државата трошоците за кривичната постапка во износ од 338,50 евра, кои треба да ги плати во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата.

Во образложението на предлогот, обвинителството смета дека предложената условна казна е соодветна на степенот на вина и тежината на делото, земајќи ги предвид начинот на извршување и околностите под кои било сторено кривичното дело.

Поврзани содржини