СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА ВО ПАТНИЧКО КОМБЕ Жител на Брвеница осомничен за полово вознемирување

Осомничениот во декември минатата година во комбе за превоз на патници, кога во возилото немало други лица, извршил полови дејствија врз 15-годишна малолетничка од тетовскиот регион.

0

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 58-годишен жител на тетовското село Брвеница поради сомнение дека сторил кривично дело „полово вознемирување“ врз малолетничка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кривичната пријава е поднесена против С.А. (58), а случајот се однесува на настан што се случил во декември минатата година.






Од полицијата информираат дека осомничениот, кој вршел превоз на патници со комбе, во момент кога во возилото немало други патници, презел полови дејствија врз 15-годишно девојче од тетовскиот регион.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(58) од село Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘полово вознемирување’. Во декември 2024 година, во комбе со кое вршел превоз на патници, во момент кога немало никој друг во возилото, пријавениот извршил полови дејствија врз 15-годишна малолетничка од тетовско“, соопшти МВР.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини