Дваесет и едногодишен Хрват е уапсен под сомнение дека силувал и злоупотребувал деца и малолетници.
Со опсежна кривична истрага во текот на септември и октомври било утврдено дека 21-годишен хрватски државјанин, користејќи социјални мрежи и апликации за споделување содржини, извршил вкупно 56 кривични дела на штета на вкупно 35 жртви, од кои 31 малолетно лице и 4 полнолетни девојки.