СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ВЕЛЕС Поплавени улици, паднати дрвја ВИДЕО
Обилниот дожд и силниот ветер направија вистински хаос во градот кој се гледа на видео снимките и фотографиите кои велешани ги споделуваат на социјалните мрежи.
Невреме со ветер, дожд и ситен град претладнево го зафати Велес. Улиците во градот кои се без атмосферска канализација се преплавени со вода што го отежнува движењето на возилата.
Обилниот дожд и силниот ветер направија вистински хаос во градот кој се гледа на видео снимките и фотографиите кои велешани ги споделуваат на социјалните мрежи.
Од Регионалниот центар за справување со кризи за МИА изјавија дека по пријава за паднато дрво на улица „Борис Трајковски“ интервенирале пожарникари од Територијалната противпожарна единица, како и дека засега не се пријавени поголеми штети од институциите и граѓаните.