СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО НЕГОТИНО Поплавени улици, искорнати дрвја, гранки…
Паднатите дрвја и искршените и паднати гранки на некои улици ги затрупаа тротоарите, а беа оштетени и повеќе возила.
Попладнево силно невреме го зафати Неготино. Обилниот, пороен дожд за кратко време ги преплави неготинските улици, а силниот ветар корнеше гранки, а се уриваа и цели дрвја.
Паднатите дрвја и искршените и паднати гранки на некои улици ги затрупаа тротоарите, а беа оштетени и повеќе возила. На многу места атмосферската канализација не можеше да ја собере зголемената количина вода, па дојде до прелевање на шахтите. Засега нема извештаи за поплавени домови и други објекти.
– Од раководителот на РЦУК Неготино сме известени дека од 16:10 до 16:30 часот општината Неготино ја зафати силно невреме проследено со ветер и пороен дожд. Од ТППЕ Неготино сме известени дека има пријавено повеќе штети од граѓаните. Интервенирано е, ТППЕ Неготино интервенира на најкритичните места кои се погодени од невремето, има искорнати дрвја, паднати бандери, оштетни пориви од куќите и поплавени домови – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).